Брињоне сезонава е незапирлива

40

Шеста победа сезонава за фантастичната Федерика Брињоне. Искусната италијанка денеска триумфираше на велеслаломот во Сестриере, и на домашен снег што се вели на најдобар можен начин покажа дека атакува на сите расположливи титули сезонава.

Таа беше најдобра денеска со време од 2:12:69, додека на втората позиција се пласираше Алис Робинсон од Нов Зеланд со 40 стотински заостанување. Трета со заостанување поголемо од секунда и половина беше норвежанката Теа Луис Стјернесунд.

Во генералниот пласман Брињоне нормално води со 799 бодови пред Лара Гут Бехрами со 729.

 

ПретходноРеал Мадрид веќе има план доколку Винисиус ги одбере парите на Арапите
СледноАлиќ: Свесни сме која е Шкендија, ќе дадеме се од себе за добар резултат