Женската македонска фудбалска репрезентација на стартот на Лигата на Нациите денеска во Скопје загуби од репрезентацијата на Косово со конечни 0:4. Иако се надевавме дека ќе можеме да се носиме со противникот, сепак, тоа на терен, односно во праска беше тешко изводливо.
Особено ако се знае дека овој меч го игравме без Наташа Андонова, нашата најдобра фудбалерка. Се боревме колку што можеме, дури имавме сили, а противникот очигледно чекаше да се измориме па да ги постави нештата според квалитетот.
Бичкај по само шест минути игра погоди за водство на Косово. Со резултат 0:1 се замина на полувреме, а во вториот дел примивме уште три гола. Повторно Бичкај во 49. минута, за да потоа Фетај во 65. односно Метај во 67. ги постават конечните 0:4.
Следниот наш предизвик во ова натпреварување е мечот против Летонија на домашен терен на 4 март.