Предмалку беа извлечени двојките за 1/8 финалната фаза од Лигата на Европа, откако синоќа се одигра 1/16 финалната фаза.
Главна тема секако дека беше потенцијалниот противник на Манчестер Јунајтед во оваа фаза, а тоа е екипата на Реал Сосиедад. Рома пак, која што игра како препородена под водство на Клаудио Раниери ќе спарингува со тимот на Атлетик Билбао. Аз Алкмар немаше среќа и го доби Тотенхем, додека пак кога веќе беше избегнато римското дерби во ЛЕ, Лацио имаше многу среќа и ја доби за противник екипата на Викторија Плзен.
Двојки Лига на Европа 1/8 финална фаза:
Ал Алкмар – Тотенхем
Ајакс – Ајнтрахт
Бодо Глимт – Олимпијакос
Фенербахче – Глазгов Ренџерс
ФЦСБ – Лион
Манчестер Јунајтед – Реал Сосиедад
Лацио – Викторија Плзен
Атлетик Билбао – Рома