Барса го “скрши“ Лас Палмас па повторно е лидер во Ла Лига!

156

Со головите на Дани Олмо и Феран Торес, Барселона вечерва како гостин успеа да победи Лас Палмас со 0:2. Ова е значајна победа, значајни три бода па така каталонската гордост сега одново е лидер на табелата и по ова 25.коло.

Не им беше лесно на момците на стратегот Ханси Флик. Домашниот состав пружи силен отпор, имаше и свои закани.

И така беше се до 62.минута кога по асистенција на Јамал, Дани Олмо со помош на пречката постигна убав гол за водство од 0:1.

И кога сите очекуваа крај на мечот, Феран Торес во таа 90+5.минута погоди за конечни 0:2.

Интересно, и Олмо и Торес мораа како резервисти да донесат победа.

ПретходноЕуфорија во Битола: Продадени сите билети за дербито Пелистер – Алкалоид! (ФОТО)
СледноНовицки за Дончиќ: Никогаш нема да бидам фан на ЛА Лејкерс, но секогаш ќе бидам фан на Лука!