Дијамантот беше стартер: Елмас и “биковите“ го победија Милан!

123

Торино – Милан 2:1 е епилогот од вечерашниот дуел во Серија А, меч во кој за првпат откако дојде во Торино, нашиот Елиф Елмас беше стартер и одигра сосема солидно до 60.минута кога беше и заменет.

Интересно, домашните уште во 5.минута се радуваа откако Тиао си даде автогол и тоа во копродикција со голманот Мењон.

По тој примен гол гостите тргнаа со сите сили во напад а шанса за израмнување имаа во 32.минута кога Пулишиќ не успеа од пенал да постигне гол.

Сепак имаше 1:1 и тоа во 74.минута со голот на Рејндерс, но тоа не беше се од овој меч. Се играше 76.минута, значи само две минути подоцна, Гинеитис го постигна победничкиот гол за Торино.

ПретходноВардар го реши и Куманово!
СледноРијека го распарчи Динамо Загреб!