Од вечерва Ќатип Османи не е веќе шеф на стручниот штаб на Струга ТЛ. Тој си поднел оставка, како што и официјално соопштуваат од клубот. Ова се очекуваше по денешниот пораз од Вардар со 0:2 а и по слабата сезона која ја има шампионот. Се чини дека денеска Струга ТЛ се прости од титулата.
Утре ќе се знае кој ќе биде наследникот на Османи кој шампионот го презеде во јуни минатата година.
Инаку веќе во среда Струга ТЛ има меч од Купот на Македонија против Гостивар.