
Такви времиња дојдоа што кога тимот на Манчестер Јунајтед ќе освои бод на гостување, тоа е рамно на триумф. А реално, денеска и тој бод освоен кај Евертон во ремито 2:2 е рамен на победа.
Затоа што домаќинот на отворањето на Премиер лигашкото коло денеска имаше 2:0 на полувреме и се во свои раце. Бето и Дукуре погодија за Евертон, кој како веќе да си ги впиша трите бода на контото.
Сепак, во вториот дел тимот на Манчестер Јунајтед се прегрупира, заигра далеку подобро од претходно и тоа се почувствува и на резултатот.
Бруно Фернандеш намали на 1:2, додека пак Угарте израмни на 2:2. До крајот на мечот и обата тима имаа по ситуација за гол, односно за конечен триумф но тоа не се случи.