Алкалоид по печат на 1/4 финалниот билет во ЕХФ Европскиот Куп

204

Екипата на Алкалоид денеска (18 часот) во салата „Автокоманда“ во Скопје го пречекува Бриксен во рамките на реванш мечот од осминафиналето во ЕХФ Европскиот Куп. Портите кон четвртфиналето се широко отворени бидејќи актуелниот освојувач на Купот на Македонија и Супер-Купот запиша убедлива победа на гостински терен од 12 гола разлика (22-42).

На избраниците на Кирил Лазаров им останува полесната задача пред своите фанови да го заверат билетот за следната рунда и да испишат нова клупска историја.

Иако резултатот од првата средба е убедлив, сепак Кирил Лазаров, тренерот на Алкалоид, како и секогаш е претпазлив, преудпреди дека противникот не смее да се потцени.

„За мене малку неочекувано во овој период на годината, дојдовме до висока и убедлива победа прротив квалитетен ривал од Италија. Знаеме дека нивниот ракомет е во подем како репрезентативен така и клупски, така што високата гол-разлика е неочекувана. Одигравме еден квалитетен меч, ни одеше се од рака и резултатот од Италија не е реален. Се одлепивме во последните минути, во 50 минута беше само четири гола предност, па така нема да го потцениме ривалот, иако можам да кажам дека сме поквалитетен противник од нив. Сакам и очекувам да победиме, заради нашиот рејтинг и македонскиот ракомет. Доста добро се подготвивме за овој натпревар и спремни ќе го дочекаме натпреварот против Бриксен“, рече Лазаров.

За Алкалоид, мечот против РК Бриксен во Скопје ќе биде шести во еврокуповите оваа сезона. Покрај што нашиот клуб победи во Италија со 44-32, во претходните двомечи со по две победи беше подобар од Вест Виена од Австрија (38-27 и 32-29) и Драгунас Клаипеда од Литванија (42-31 и 37-31).

ПретходноУште еден фудбалер на Реал се најде на листата на желби на Арапите
СледноШвајцарците „растурија“ на домашен терен