Во 17. коло, второ од пролетната полусезона во ВМФЛ шампионатот, во дербито одиграно во Ѓорче Петров, тимот на Башкими приреди изненадување совладувајќи ја домашната Македонија со конечни 0:1.
Голот поатигнат уште во првото полувреме се покажа како решавачки на овој дуел, иако домаќинот и во првиот дел, а и во продолжението со сите сили се обидубаше да оствари поволен резултат. Сепак, тоа овојпат не се случи и по стартниот триумф во Охрид, сега МЃП прави кикс на домашен терен.
Од друга страна пак, истото му се случи и на тимот на Детонит Плачковица, кој што на свој терен во Радовиш загуби од Каменица Саса со 1:2.
Беласица немаше поголеми проблеми со Вардар (Н) на свој терен и победи со 4:0, додека пак Победа освои гостински три бода кај Борец во Велес.
Македонија ЃП – Башкими 0:1
Беласица – Вардар (Н) 4:0
Борец – Победа 0:1
Скопје – Осогово 0:0
Детонит Плачковица – Каменица Саса 1:2
Брегалница – Новаци 3:1
Аресими – Охрид 1:1
Кожув – Вардарски 1:0