Бутел Скопје со важни бодови од Струга

55

Екипата на Бутел Скопје дојде до 10. победа во Супер-лигата, можеби најважната за потврда на местото во плеј-офот. Избраниците на Горан Кузманоски славеа на гостувањето кај Струга со 24-30 во првиот меч од 19. коло.

Домашниот тим добро го отвори дуелот, поведоа со 6-4 и 7-5, но на другата страна гостите со неколку кратки серии успеаја да го превземат водството, пред одморот позитивата изесуваше 10-13.

Во второто полувреме Бутел не дозволи изненадување и го контролираше резултатот, најголемата позитива изнесуваше шест гола разлика.

Димитар Узунчев со осум гола беше прв стрелец од таборот на Бутел Скопје, на другата страна Стојков имаше пет погодоци.

ПретходноБаер сигурен кај Холстен Кил
СледноВест Хем победнички против Арсенал, гостите попладнево перфектни во Англија