Вардар 1961 оди по целиот плен во Куманово, па ќе чека разврска во Битола

142

Денеска на програмата се пет мечеви од 19 коло во Супер-лигата. Вардар 1961 е гостин на Куманово, дуелот е последен на распоредот, почнува во 18:30 часот. „Црвено-црните“ имаат една цел, да ги освојат бодовите, а потоа да чекаат разврска од Битола каде во понеделник се игра дерби дуелот меѓу Пелистер и Алкалоид. Вардар 1961 има 32 бода исто колку и битолчани, додека два бода помалку од лидерот Алкалоид.

Први на теренот ќе истрчаат Струга и Бутел Скопје, дуелот е закажан во 14 часот. Избраниците на Горан Кузманоски одат по целиот плен, со бодовите ќе се зацвртат на шестото место на табелата. Бутел Скопје е зад Тиквеш, има 18 бода.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – КОЛО 19
22.02.2025 – САБОТА
14:00 часот РК СТРУГА – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
18:00 часот РК ПРОЛЕТ 62 – ГРК ОХРИД
18:00 часот РК ФРУИТ ЛЕНД БОРЕЦ – РК РАДОВИШ
18:00 часот ГРК ТИКВЕШ 2014 – РК ПРИЛЕП
18:30 часот МРК КУМАНОВО – РК ВАРДАР 1961
24.02.2025 – ПОНЕДЕЛНИК
18:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК АЛКАЛОИД – пренос во живо на МРТ
ПретходноХрватска за првпат во историјата остана без ЕП, коментаторите во очај: Ерменија, Косово…(ВИДЕО)
СледноУште еден фудбалер на Реал се најде на листата на желби на Арапите