Тежок удар доживеа тимот на Арсенал попладнево. На свој терен загуби од екипата на Вест Хем со 0:1. Единствениот гол на овој меч го постигна Џерод Боувен во 44. минута. И пред, а и по голот, тимот на Арсенал се обидуваше со сите сили да стигне до поволен резултат но не успеа во тоа. Противникот денеска беше решен да освои бодови кои што ќе имаат огромно значење во борбата за опстанок, и успеа во тоа.
Тотенхем ја покажа силата на гостувањето кај Ипсвич и победи со 1:4, додека пак Брајтон постигна исто толку голови на гостувањето кај Саутемптон но не прими гол во победата од 0:4.
Следен со гостинска победа е тимот на Вулверхемптон кој што славеше кај Борнмут, додека пак Кристал Палас со головите Нунез односно автоголот на Андерсен славеше кај Фулам.