Какво спектакуларно дерби, супер вечно дерби бр.175 меѓу Ц. Звезда и Партизан кое на крајот заврши со изненадувачки 3:3. Јасно беше дека домашниот состаб беше апсолутен фаворит, но Партизан покажа дека сепак е голем тим.
Инаку Партизан дојде до бод и тоа со гол од пенал во 90+5.минута откако реагираше ВАР. Стрелец на тој гол за конечни 3:3 беше Николиќ.
Партизан поведе на “Маракана“ со 0:1 уште во 8.минута со голот на Ибрахим и со тое 0:1 се замина на пауза.
Домашните на почетокот од вторто полувреме брзо постигнаа два гола за 2:1, потоа израмни Ковач на 2:2 во 59.минута. Иванич со гол носи ново водство на Ц. Звезда, но како што рековме Николиќ во 90+5.минута успеа да му донесе реми на својот тим.
Да кажеме и тоа дека македонскиот репрезентативец Бојан Димоски остана на клупата на гостите, не доби шанса да одигра барем некоја минута.