Гираси броеше до четири: Дортмунд ја наполни мрежата на Унион Берлин!

37

По подолго време Дортмунд и тоа на свој терен одигра како што посакуваат фановите на овој германски фудбалски гигант. Во меч од 23.коло во Бундеслигата, вечерва “милионерите“ одиграа фантастично и со 6:0 просто го демолираа тимот на Унион Берлин.

Инаку се мина во знакот на Серу Гираси кој дури во четири наврати ја затресе мрежата на гостите.

Прво во 25.минута гостите си постигнаа автогол за водство на Дортмунд од 1:0. Потоа на сцена стапи токму Гираси кој со головите во 40., 75., 80, и 83.минута на својот тим му донесе водство од 5:0.

Крај на маките на гостите стаи Беиер во 89.минута за конечни 6:0 за Борусија Дортмунд.

ПретходноРакометарите на Бриксен чекаа во редица за да се сликаат со Лазаров (ФОТО)
СледноГасперини: Немам намера да го продолжам договорот со Аталанта!