Торино – Милан 2:1 е епилогот од вечерашниот дуел во Серија А, меч во кој за првпат откако дојде во Торино, нашиот Елиф Елмас беше стартер и одигра сосема солидно до 60.минута кога беше и заменет.
Интересно, домашните уште во 5.минута се радуваа откако Тиао си даде автогол и тоа во копродикција со голманот Мењон.
По тој примен гол гостите тргнаа со сите сили во напад а шанса за израмнување имаа во 32.минута кога Пулишиќ не успеа од пенал да постигне гол.
Сепак имаше 1:1 и тоа во 74.минута со голот на Рејндерс, но тоа не беше се од овој меч. Се играше 76.минута, значи само две минути подоцна, Гинеитис го постигна победничкиот гол за Торино.