А, кој ако не капитенот? Интер одигра уште еден натпревар под своето ниво, но сепак вечерва на “Меаца“ во Милано, успеа да го победи составот на Џенова со 1:0.
Стрелец на голот беше Лаутаро Мартинез во 78.минута и тоа откако претходно беше проигран од Чалханоглу кој од корнер ја уфрли топката пред голот на гостите а таму Аргентинецот со шут со глава стрелаше за 1:0.
Со овие три бода шампионот сега има 57, значи изби на лидерската позиција на табелата со бод повеќе од Наполи, ама тимот од Неапол допрва ќе треба да го одигра својот меч од ова 26.коло во Серија А.
Гостите од Џенова можат само да жалат што добрата игра во текот на целиот меч не ја ефектурираа барем со реми и со бод.
Сепак Интер е Интер, а капитенот донесе победа и три бода за еуфорија кај домашните фанови на трибините на “Меаца“.