Јасно е дека не можеме да се мериме со Динамо Загреб или Ц. Звезда, но зошто да не се мериме со еден Борац Бања Лука, шампионот на БиХ. Тим кој што оваа сезона просто е хит во фудбалска Европа а посебно во Лигата на Конференции. “Македонскиот“ Борац, ако се знае дека таму играат Николов, Шишковски и Херера а Жижовиќ е некогашен тренер на Шкупи, дојде до 1/8 финалето во Лигата на Конференции каде на вчерашната ждрепка во Нион го доби Рапид Виена.
Јасно е дека тимот од БиХ испиша историја, но уште повеќе, овој клуб и тоа како добро заработи од настапите во Европа. Па така сумата достигна до речиси 6 милиони евра, а ако го мине и Рапид Виена тогаш таа ќе порасне на 7,2 милиони евра.
Ова неја биде лекција и за нашите клубови да сфатат дека треба барем уште малку да инвестираат зошто ако може еден Борац Бања Лука ова да го направи во Лигата на Конференции, зошто еден ден да не го направат и Вардар, Шкендија, Струга ТЛ, Гостивар или Работнички на пример.