Олмо ја направи генетската анализа на барање на Барселона

412

„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона извршила генетска анализа на Дани Олмо и дека сите резултати биле позитивни. Тренерите на Барселона сега ќе ги приспособат тренинзите и подготовките на Олмо за да го максимизираат неговиот потенцијал и кондиција. Барселона го направи ова за да го минимизира ризикот од повреда, а наскоро ќе го направи и со другите играчи. Целта е играчите да се чувствуваат задоволни по еден тренинг.

Дани Олмо, 26-годишниот напаѓач, минатото лето пристигна во Барселона од РБ Лајпциг за 55 милиони евра. Тој оваа сезона се мачи со повреди, забележа 21 настап, постигна шест гола и имаше три асистенции.

Поради повредата пропушти 13 натпревари во сите натпреварувања, а беше надвор од терените вкупно 51 ден. Во кариерата настапуваше и за Динамо каде беше од 2014 до 2020 година.

ПретходноФлорентино Перез се предомислува за фудбалерот на Баерн
СледноСалах: Сега зборувам со Клоп повеќе отколку кога ни беше тренер