Денеска со дуелот меѓу Струга ТЛ и Вардар од 14 часот се “отвора“ 20.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Останатите пет средби се закажани за утре, исто од 14 часот.
Повеќе од јасно е дека ова е значаен меч и за двете екипи. Имено во првото пролетно коло и двете беа поразени иако одиграа добри натпревари.
Вардар немаше среќа со Шкендија, а Струга ТЛ прими гол во 90+6.минута од пенал од Гостивар за пораз од 1:0.
Токму затоа велиме дека оваа средба, овие бодови и тоа како се важни и за шампионот и за тимот на стратегот Гоце Седлоски. Вардар според играта од минатиот викенд со Шкендија, а и со оглед на сегашниот квалитет кој го поседува секако дека има шанси да дојде до добар резултат. Секако дека на овој меч момците на стратегот Ќатип Османи се во улога на фаворит со оглед на местата на табелата, но Струга ТЛ оваа сезона не е оној тим кој што во претходните две сезони газеше се пред себе.
Притисокот денеска секако е на страната на Струга ТЛ. Во случај на пораз, па и реми, шампионот се чини дека уште сега може да се прости од битката за новата титула. Шкендија ќе има шанса во тој случај да избега најмалку на +10 бода и токму затоа стружани се под притисок.
Во однос на традцијата, таа вели дека овие два тима досега одиграле 10 натпревари. Струга ТЛ досега успеала да триумфира на пет, Вардар победил на три а само два меча завршиле без победник.
Во секој случај ова ќе биде едно од двете дербија во ова коло, се разбира покрај она во Тетово, се среќаваат две квалитетни екипи и затоа со право очекуваме интересен и квалитетен меч.
Не може да биде поинаку кога играат Струга ТЛ и Вардар.