Полувреме во Струга: Вардар погоди дирек, Талески спаси зицер, Комити исфрлени на полувреме

1419

Денеска стартуваше второто пролетно коло во ПМФЛ шампионатот. Со дуелот помеѓу Струга Трим Лум и Вардар.

На полувреме резултатот е 0:0, а и двата тима имаа изгледни шанси. Вардар преку Сенхор на стартот погоди дирек, Омерагиќ шутираше директно во голманот на Струга, а и Донгмо го истестира со ударот од далечина.
На спротивната страна пак, Шабани имаше зицер ситуација но Талески одлично одбрани.

Навивачката група Комити пристигна во Струга да го бодри Вардар но, на полувреме беше исфрлена од стадионот поради извикување навредливи пароли кон домаќинот.

ПретходноСалах: Сега зборувам со Клоп повеќе отколку кога ни беше тренер
СледноЈунајтед се „врати од мртвите“ и освои бод кај Евертон