По поразот од Вардар: Ќато си поднесе оставка, Струга ТЛ ќе мора да бара нов тренер!

545

Од вечерва Ќатип Османи не е веќе шеф на стручниот штаб на Струга ТЛ. Тој си поднел оставка, како што и официјално соопштуваат од клубот. Ова се очекуваше по денешниот пораз од Вардар со 0:2 а и по слабата сезона која ја има шампионот. Се чини дека денеска Струга ТЛ се прости од титулата.

Утре ќе се знае кој ќе биде наследникот на Османи кој шампионот го презеде во јуни минатата година.

Инаку веќе во среда Струга ТЛ има меч од Купот на Македонија против Гостивар.

ПретходноАлварез и другарите со убедлива победа на „Местаља“! Столе повторно резерва
СледноАсенсио го “’поздрави“ Челзи, и Рашфорд беше одличен во победата на Астон Вила!