Во 21. коло од Саудиската Про лига, Ал-Етифак славеше против Ал-Наср на Роналдо со резултат 3:2.
Во првото полувреме немаше голови, но второто полувреме изобилуваше со експлозивен фудбал. Ал-Наср поведе преку голот на Јахја, резултатот го израмни поранешниот играч на Ливерпул Вајналдум. Ал-Наср уште еднаш поведе со 2:1 со голот на Ал Фатил, на асистенција на Марсело Брозовиќ. Истиот играч си постигна автогол за 2:2, а точка на резултатот на овој меч стави Вајналдум со уште еден гол, а беше 3:2 за Ал-Етифак.
Навистина интересен и содржаен натпревар, но шоуто го одзеде реакцијата на Кристијано Роналдо кон самиот крај на натпреварот. Неговиот соиграч Џон Дуран, кој неодамна пристигна од Астон Вила, доби црвен картон во 92. минута од натпреварот.
Причината за црвениот картон беше бизарна, бидејќи Колумбиецот само го „тапкаше“ противничкиот играч, а овој падна како да е застрелан. Судијата сепак одлучи дека овој потег налага строга казна во вид на црвен картон, а Роналдо не можеше да ја прифати неговата одлука.
Тој силно ја шутна топката во трибините меѓу публиката и почна жестоко да се расправа со судиите. Помина извесно време откако го гледавме легендарниот Португалец во вакво издание, па ќе видиме дали ќе биде казнет за ваквата реакција.
По синоќешниот пораз Ал-Наср на Роналдо е на четвртото место на табелата со 44 освоени бодови во 21 натпревар.Сега заостануваат осум бода зад лидерот на Саудиска Пролига, Ал-Итихад, кој има и натпревар помалку.
Ronaldo was very angry here after Duran was given red card .
— mc_chez1🇳🇬🇬🇧 (@mc_chez1) February 21, 2025