Седло со дете од Вевчани ја освои Струга

4536

Денешната победа на Вардар среде Струга против актуелниот бранител на титулата Трим Лум, вечно ќе ја памети левиот бек Андреј Мурџески. Младото момче, инаку репрезентативец на Македонија во младински категории, беше „фрлен во оган“ од страна на тренерот Гоце Седлоски и стартуваше на многу тежок терен за Вардар. Баш денеска, Седлоски се одлучи на Мурџески да му го додели дебито за сениорскиот состав на Вардар, и тоа од првата минута.

А, младото момче родум од Вевчани на најдобар можен начин возврати. Изгина на теренот за секоја топка, одработи километри и во напад и во дефанзива, ги сопре нападите на реално големиот фаворит денеска.

Ова значи само едно. Дека Вардар добива уште една супер опција за тимот. Мурџески игра на многу специфична позиција, а неговите години гарантираат и „џокер“ играч плус во ротацијата на Седлоски. Момче секоја чест и продолжи да се бориш за секоја минута во вардаровиот дрес. Зошто ти сега знаеш што значи да се носи истиот и каква тежина има.

 

ПретходноБашкими со „шок“ терапија во Ѓорче
СледноПарма со домашен триумф над Болоња, Лацио со голем кикс