Тајкуните во Саудиска Арабија сакаат да привлечат не еден, туку два бразилски „бисери“ од Реал Мадрид ова лето – Винисиус Жуниор и Родриго. Шпанскиот весник „Релево“ објави дека главен приоритет на Саудијците е да го доведат Вини на лето, и покрај тоа што клаузулата во неговиот договор е 1 милијарда евра.
Сега „Релево“ пренесува за желбата на Саудиска Арабија да го земе и Родриго. Милијардери стратешки размислуваат за претстојното домаќинство на СП во 2034 година и сакаат со вакви супер трансфери да го подигнат нивото на локалното првенство.
Винисиус се уште го нема потпишано договорот со Реал Мадрид, што им дава сила на шпекулациите за неговата иднина.
🚨 BREAKING: Saudi Arabia want to sign Rodrygo this summer.
— @relevo pic.twitter.com/SIg71wlskv
— Madrid Universal (@MadridUniversal) February 22, 2025
Пример е факторот „Кристијано Роналдо“, чие присуство помогна да се привлече еден од најталентираните млади напаѓачи во светот, Џон Дуран.