Реал Мадрид е на работ да се откаже од потрагата по играчот од средниот ред на Баерн, Џошуа Кимих. 29-годишниот Германец беше поврзуван како потенцијална трансфер цел на лето, но последните извештаи тврдат дека „Сантијаго Бернабеу“ попрво ќе се откажат од идејата да го земат во своите редови.
Договорот на Кимих истекува на лето, што го прави примамлива цел на пазарот. Се чини дека нема повторно да потпише со Баерн и ќе бара нов предизвик во кариерата.
Реал Мадрид е во потрага по замена за пензионираниот Тони Крос. Првично, „кралевите“ не најдоа нов играч кој ќе го замени Германецот, но на моменти во текот на сезоната стана јасно дека тоа можеби е погрешна одлука, бидејќи на клубот му недостигаше сличен играч кој може да ја држи и дистрибуира топката како Крос. Во исто време, Кимих е способен да исполни слична улога, откако го стори тоа и во Баерн и во германската репрезентација. Затоа, тој важеше за совршен избор да го замени Крос.
Интерес за Кимих имаше и од Барселона, но и Каталонците се откажаа од идејата да го ангажираат по растот што го покажа младиот Марк Касадо. Клубот одлучи дека ќе се обложи на него и нема да земе друг играч за средниот ред.
Се чини дека слично нешто се случува и во Реал Мадрид. Неодамна, сериозен раст е забележан во настапот на Дани Себаљос. Токму ова е причината поради која Флорентино Перез се повеќе размислува за евентуалниот потпис на Кимих.