Асенсио – Челзи 2:1. И вака може да се опише дуелот на “Вила Парк“ во Бирмингем вечерва. Супер дуел, одлична игра и на двете екипи. Голови, шанси, и сепак на крајот Марко Асенсио го “поздрави“ Челзи за победа на Астон Вила.
Сепак треба да се каже дека “сините“ од Лондон подобро го отворија мечот и со голот на Фернандез во 9.минута успеа да дојде до водство од 0:1.
Во 57.минута по асистенција на Маркус Рашфорд, Асенсио стрелаше за израмнување на резултатот. Целосниот пресврт дојде во 89.минута, речиси во самиот финиш кога повторно Рашфорд асистираше а Асенсио стрелаше за голема победа на Астон Вила и јасно за еуфорија кај домашните фанови.