Охрид со реми на гости кај Пролет, Тиквеш со триумф, Борец и Радовиш одиграа без победник!

53

Вечерва од терминот од 18 часот се одиграа уште три средби од нашата елитна ракометна лига во рамките на 19.коло.

По многу борба и неизвесност во самиот финиш Пролет на свој терен одигра без победник 23:23 против фавортитот Охрид. Домашните беа далеку подобри во првото полувреме, сепак гостите се вратија во продолжение од средбата, имаа шанса и за победа, но сепак на крајот мораа да се задоволат само со реми.

Тиквеш на свој терен успеа да го победи составот на Прилеп сио 30:24. Ако во првото полувреме гостите покажаа заби што се вели, на пауза заминаа само со -1 гол разлика, сепак во второто полувреме кавадарчани ставија точка на победата. Со оваа победа Тиквеш и дефинитивно е во плеј – офот.

И на мечот меѓу Борец и Радовиш без победник. Интересно, неизвесно во речиси целиот меч, па така на крајот резултатот гласеше 30:30. Гостите во последните мигови од средбата можеа да дојдат и до победа, но сепак на крајот мораа да се задоволат со реми.

ПретходноАлкалоид со убедлива победа го завери пласманот во четвртфиналето во ЕХФ Европскиот Куп!
СледноЛазаров: Заслужено влеговме во најдобрите осум екипи!