Срамен потег на Далас: Го избришаа Дончиќ од промо-видео како никогаш да не играл (ВИДЕО)

322

Далас Маверикс направи срамен потег, буквално ги отсече Лука Дончиќ и Макси Клебер од нивното промотивно видео. Неверојатно е што Словенецот само неполн месец од трејдот стана толку непожелен за Маверикс што буквално го бришат од сеќавањата.

Погледнете го скандалозното видео во кое силуетата на Дончиќ е избришана од кадарот во кој камерата го снима стрелецот од Далас, Клеј Томпсон. Да потсетиме, со него на кормилото, Далас лани играше во финалето на НБА против Бостон, а додека настапуваше за Маверикс, пет сезони по ред беше прогласен за член на идеалната петорка на НБА.

„Далас Маверикс направија срамен потег и буквално ги отсечеа Лука Дончиќ и Макси Клебер од нивното промотивно видео. Неверојатно е што Словенецот неполн месец по трејдот стана толку непожелен за Маверикс што буквално го бришат од меморијата“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

ПретходноПМФЛ: Вардар на гости кај шампионот!
СледноКливленд и Оклахома „газат“, Детроит е плеј-оф тим (ВИДЕО)