Уф, каков пекол за Чоло: Атлетико Мадрид за 37 дена трипати ќе игра со Барса и двапати со Реал! (ФОТО)

475

Диего Чоло Симеоне и да посакаше немаше да добие така тежок распоред во следниот период и тоа од 25 февруари до 2 април. Имено откако вчера за ривал во 1/8 финалето во Лигата на Шампионите го доби Реал Мадрид веројатно ќе се онесвестеше. Имено за тие 37 дена неговиот тим треба да одигра трипати со Барселона и двапати со Реал Мадрид, другите мечеви не ги сметаме, сепак Барса и Реал се нешто посебно.

Па да тргнеме со ред.

На 25 март се игра првиот меч од полуфиналето во Копа дел Реј на гости кај Барселона.

На 4/5 март се игра првиот меч од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони на гости кај Реал Мадрид.

На 11/12 март се игра реваншот со Реал Мадрид на свој терен во ЛШ.

На 16 март Атлетико Мадрид и е домаќин на Барселона во меч од Ла Лига.

И на 2 април, тимот на Чоло е домаќин на Барса во полуфиналето во Копа дел Реј.

Од ова потешко не можеше. No description available.

ПретходноБрентфорд го растури Лестер!
СледноПМФЛ: Вардар на гости кај шампионот!