На Хрватска и требаше победа против Франција за да остане во борбата за пласман во Евробаскетот, но не успеа да дојде до истата. Франција успеа да победи со 83:80 во драматично финале во Задар и ги остави без пласман на Европското првенство за првпат во историјата.
Никој не можеше да поверува дека оваа земја нема да биде дел од најдобрите европски селекции, а во шок беа и коментаторите.
„Хрватска наскоро ќе се соочи со Ерменија, Азербејџан, Косово, Швајцарија… Повторно“, изјави коментаторот, а потоа тој и неговиот колега продолжи.
„За жал, во последно време се навикнавме да ги пропуштаме Олимпијадата и Светското првенство, а за прв пат нема да бидеме ниту на Евробаскетот“.
Моментот можете да го видите ТУКА.
За издвојување е успехот на Португалија која после 14 години повторно ќе бидел од континенталното натпреварување.
Во понеделник ќе биде комплетиран целиот изглед на патниците за Европското првенство, останаа уште четири слободни места.