Инзаги: Играчите навистина дадоа се од себе

48

Интер синоќа во раммките од 26. коло во Серија А далеку потешко од очекувањата на свој терен дојде до победа над Џенова. И тоа со минимални 1:0 со погодокот на Лаутаро длабоко во второто полувреме.

Тренерот Инзаги е свесен за тежината на ситуацијата во која што се наоѓа неговиот тим и по мечот имаше само зборови на пофалба за својот состав.

„Мораме да им честитаме на Џенова и Виеира бидејќи одиграа многу добар натпревар. „Не бев изненаден бидејќи ги гледав оваа сезона“, изјави Инзаги.

„Исто така сакам да им честитам на моите момци, ова беше 37. натпревар сезонава, а оние кои играа за националните тимови одиграа уште повеќе. Покажаа голема одлучност.  Секоја недела во Серија А гледаме дека нема лесни натпревари. Дозволивме само една добра шанса на Џенова, а Хосеп Мартинез одлично одбрани“, додаде Инзаги.

ПретходноГоран Станиќ: Ахмеди е одличен играч, Рушевиќ исто така, презадоволен сум од победата на Работнички!
СледноИ Германија не е тоа што беше: Големи нереди на мечот Ханса и Динамо Дрезден! Најмалку 50 повредени лица! (ВИДЕО)