ПМФЛ: Дерби под Шара – Шкендија VS Силекс, Работнички ја дочекува Воска, Тиквеш оди на три бода со Пелистер

170

Денеска од 14 часот се играат пет средби од 20.коло во ПМФЛ. По победата на Вардар среде Струга со 0:2, меч кој се одигра вчера, денеска нови прволигашки возбудувања се очекуваат во мак – фудбалот.

Секако дека во преден план е дербито под Шара, во кое се среќаваат Шкендија и Силекс, или првиот и вториот на табелата.

Во случај на победа тимот на стратегот Јетон Беќири и дефинитивно ќе докаже дека оди по титулата, додека кратовци ако сакаат и натаму да бидат претенденти за трофејот, денеска не би смееле да загубат.

Секако дека ќе има голема борба и многу тактика од страна на двајцата стратези Беќири и Васоски, ова е екстра значаен меч оваа сезона.

Работнички ја дочекува Воска и се освен победа за тимот од Дебар Маало ќе биде лошо, многу лошо во поглед на аспирациите за врвот на табелата. Да потсетиме дека на стартот од оваа пролетна полусезона, Работнички беше поразен на Чаир. Време е за победа.

Гостивар конечно ќе игра на “својот“ стадион во Гостивар, но како гостин на Беса. На тимот од Добри Дол секој бод му е екстра важен, но Гостивар има и тоа како квалитет за победа и три бода.

Едноставно гостиварци не смеат да си дозволат Шкендија да им избега бодовно, сега се само на -2 бода.

Тиквеш против Пелистер оди на победа, тука нема дилеми. Четата на стратегот Ѓорѓи Мојсов сака добрата игра и бодот од Кратово минатиот викенд да ги ефектуира денеска со триумф.

И во Струмица, домашната Брера најавува голема битка против Шкупи со цел да се дојде до добар резултат.

ДВОЈКИ ЗА 20.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Кавадарци: Тиквеш – Пелистер

Струмица: Брера – Шкупи

Скопје: Работнички – Воска

Гостивар: Беса – Гостивар

Тетово: Шкендија – Силекс

ВЧЕРА

Струга ТЛ – Вардар 0:2

ТАБЕЛА

Шкендија 40, Силекс 38, Гостивар 38, Работнички 37, Струга ТЛ 32, Шкупи 25, Пелистер 20, Брера 20, Вардар 16, Тиквеш 15, Воска 15, Беса 13.

ПретходноАдеми по срамниот пораз на Динамо: Мораме да ги покриеме ушите!
СледноЈокиќ по поразот од Дончиќ: Можеби се лажевме себе си!