Баерн ГАЗИ, броеше до четири против Франкфурт!

34

Ако во ЛШ и тоа како има проблеми, иако е во 1/8 финалето, тогаш на домашна сцена Баерн Минхен едноставно си гази и само чудо може да го спречи да остане без титулата оваа сезона.

Попладнево на “Алијанц Арената“, тимот на стратегот Винсент Компани со 4:0 го “испрати“ дома составот на Ајнтрахт Франкфурт.

Одлична игра, посебно во вториот дел, зачинета со нова победа и сега е +8 бодови пред вториот Леверкузен.

Стрелци на головите беа Олисе во 45+3., Ито во 61., Мусала во 83. и Гнабри во 90+2.минута за конечни 4:0 за лидерот на табелата во Бундеслигата.

ПретходноФиорентина се огласи по колабирањето на нејзиниот фудбалер! (ФОТО)
СледноАталанта е пресилна за Емполи!