Голеадата во Њукасл за домаќинот

48

Грст голови денеска на првиот од двата дуела во Премиер лигата. Тимот на Њукасл на свој терен триумфираше со 4:3 против тимот на Норингем Форест, во класичен премиерлигашки дуел со многу голови.

Хадсон Одои ги доведе гостите во водство, но само за да предизвика „вулкан“. Домаќинот до полувреме преку Мајли, Марфи, и на два пати Исак дојде до 4:1.

Млинековиќ по час игра намали на 3:2, а Јатес ги направи последните моменти од мечот интересни со својот гол за конечни 4:3.

Форест сега е со 47 бодови на третата позиција, додека Њукасл е петти со 44.

 

ПретходноЗахариевски: Добар меч во кој победи посреќниот тим
СледноЕлези стрелец во триумфот на Горица