Денеска на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, Работнички во второто пролетно коло дојде до првата победа. Тимот на стратегот Горан Станиќ успеа ја победи Воска со 1:0 и тоа со голот на Рушевиќ постигнат во 56.минута.
Секако дека ова се три екстра значајни бодови во битката за самиот врб на табелата. Сепак по ова 2.коло, Работнички е втор со 40 бода, три помалку од лидерот Шкендија и еден повеќе од третиот Гостивар.
Станиќ за “СпортСпорт“ даде свој коментар за тоа како го виде овој меч на неговиот тим протов Воска:
“Тежок натпревар. Воска е добар тим, ние тоа го знаевме и бевме максимално подготвени за нивната агресивна игра, со многу трчање. Видете, на никого оваа пролет нема да му биде лесноп против Воска, бидете уверени во тоа. Сепак ние одигравме добро, квалитетно, јас сум презадоволен од настапот на нашите играчи и секако од победата. Валон Ахмеди во своето деби за Работнички покажа дека е одличен играч и дека ќе биде големо засилување за нас. Исто така пофални зборови за Анес Рушевиќ, стрелецот на победничкиот гол, секако пофалби и честитки за сите играчи на Работнички“ заврши Станиќ.