Дваесетина минути за Миовски на “Бернабеу“: Спектакуларен гол на Модриќ, “кралевите“ славеа со 2:0! (ВИДЕО)

215

Попладнево во меч од 25.коло во Ла Лига, Реал Мадрид со 2:0 успеа да ја победи Џирона и да освои големи три бода во битката за титулата. Треба веднаш да се каже дека Бојан Миовски одигра дваесетина минути за гостите откако влезе во игра во 75.минута.

Инаку Лука Модриќ постигна спектакуларен гол за “кралевите“ во 41.минута и тоа од далечина. Ретко убав гол, еден од најубавите во последно време во светот на фудбалот.

Во продолжение од средбата Реал имаше повеќе шанси, а на 2:0 зголеми Винисиус во таа 83.минута, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

ПретходноУжас: Фудбалер на Фиорентина колабираше на теренот!(ВИДЕО)
СледноМеритон Гега ќе го води тимот на Струга ТЛ на куп дуелот со Гостивар!