Захариевски: Добар меч во кој победи посреќниот тим

758

Денеска Пелистер во рамките од 20. коло од ПМФЛ шампионатот во Кавадарци против Тиквеш заработи екстра важна победа. Имаат проблеми сезонава битолчани, но истите за момент се заборавени и заменети со три гостински бодови кои гарантираат мирна пловидба во следните неколку кола од шампионатот.

А не беше денеска се така „розово“ за Пелистет. Тиквеш по еден час игра поведе со голот на Миловановиќ. Сепак, гостите преку Наумоски односно Ристевски погодија од две ситуации и го свртеа резултатот.

„Одигравме за наши услови добар меч. Двата тима до последен момент ја бркаа победата што се вели и мечот лесно можеше да отиде и во спротивниот правец. Ние денеска бевме посреќниот тим. Ова за нас е многу значајна победа. Честитки за сите актери на овој натпревар, вистински првенствен меч. Покажавме желба, карактер, знаење да се справиме во уште една тешка ситуација за нас. Се поправаме од меч во меч и тоа многу ми се допаѓа“  – изјави за Спортспорт, тренерот на Пелистер, Срѓан Захариевски.

ПретходноЧурлинов стрелец, Јагиелониа испушти победа во последните минути (ВИДЕО)
СледноГолеадата во Њукасл за домаќинот