Брат за брат ама сирење за пари: “Лозари“ и “Чкембари“ повторно заедно навиваа!

426

Интересен момент во Кавадарци, на денешниот меч, барем за тие што не ги знаат приликите во мак – фудбалот. Имено на мечот Тиквеш – Пелистер, кој на крајот заврши со резултат 1:2 за битолчани, навивачите на двете екипи, “Лозари“ – Тиквеш и “Чкембари“ – Пелистер, заедно навиваа за своите миленици.

Вака беше и минатата есен во Битола, а еве денеска и во Кавадарци, се знае дека овие две навивачки групи се збратимени.

Денеска се разбира дека по мечот “Чкембарите“ имаа право на радост откако нивниот тим победи и ги освои трите бода.

Значи она…БРАТ ЗА БРАТ АМА СИРЕЊЕ ЗА ПАРИ.

ПретходноМеритон Гега ќе го води тимот на Струга ТЛ на куп дуелот со Гостивар!
СледноПеп повторно на колена: Ливерпул му покажа на Сити кој е кој и тоа на “Итихад“! (ВИДЕО)