Очекувано. Имено споед нашите информации, откако остана без тренер по оставката на Ќатип Османи, Струга ТЛ на куп мечот со Гостивар во среда, ќе ја води Меритон Гега. Тренер кој досега беше помошник на Османи а и тренер кој минатата сезона со фантастичните резултати во последните неколку кола им ја донесе втората титула на стружани.
Се разбира дека раководството на сеуште актуелниот шампион допрва ќе види што и како со тренерска клупа. Во јавноста почнаа шпекулациите во врска со новиот тренер, но засега нема одлука. Како што веќе рековме, се размислува на кого ќе му се довери клупата.
Единствено сигурно е тоа дека Меритон Гега ќе ја води екипата во среда.