Марко Одермат ја продолжи доминацијата на скијачите од Швајцарија на домашен снег во Кранс Монтана викендов. Тој денеска беше најбрз во супер велеслаломот во кој триумфираше со време од 1:21:53, додека неговиот сонародник Алексис Моне задоцни 28 стотинки.
Трет на целта мина Доминик Парис со што малку ја „размрда“ ситуацијата со оглед на фактот што на вчерашната трка на пиедесталот се исјачија троја швајцарци.
Во генералниот пласман води токму Одермат со 1146 поени пред Хенрик Кристоферсен со 746.