Пеп повторно на колена: Ливерпул му покажа на Сити кој е кој и тоа на “Итихад“! (ВИДЕО)

106

И дефинитивно овој Ливерпул и тоа како е зрел за титула во оваа 2024/25 сезона во Премиерлигата. Со што ќе ја прекине низата од четири титули во последните четири години.

Тоа е тоа. Ливерпул попладнево во мега – дербито во ПЛ со 0:2 славепе против Манчестер Сити, а според играта и шасите таа победа можеше да биде изразена со уште некој гол.

Едноставно оваа сезона “Редси“ се некоја друга лига за до сега неприкосновениот тим на Сити.

Пеп Гвардиола и овојпат, по којзнае кој пат оваа сезона, е на колена и тоа на “Итихад“.

Салах по асистенција на Собослаи 14.минута донесе водство од 0:1, за во 37.минута Собослаи стрелаше по асистенција на Салах за 0:2.

Неверојатни се бројките зад Салах. Ова е 25 негов гол во ПЛ.

Да не говориме за асистенциите. Имено тој е поврзан со 50 голови сезонава на Ливерпул во сите натпреварувања, голови плус асистенции.

Редси“ се сега први со +11 бода пред вториот Арсенал, се чини дека е е готово.

На крај Халанд не беше ни на клупата на Сити и тоа поради повреда.

ПретходноБрат за брат ама сирење за пари: “Лозари“ и “Чкембари“ повторно заедно навиваа!
СледноФиорентина се огласи по колабирањето на нејзиниот фудбалер! (ФОТО)