ПМФЛ 20. коло: Шкендија му одржа лекција на Силекс, Работнички држи чекор со врвот

380

Денеска се комплетираше 20. коло од овогодинешниот ПМФЛ шампионат. По вчерашниот триумф на Вардар среде Струга од 0:2, денеска имавме релативно очекувани резултати.

Она што требаше да биде дерби за лидерското место во Тетово се претвори во лекција на Шкендина за Силекс. Домаќинот победник со конечни 4:2, во меч во кој кратовци само го налутија противникот со раното водство преку Алиќ. Веќе во десеттата минута Ване Крстевски израмнува на 1:1, а во вториот дел, Рамадани и Ибраими прават да биде 3:1. Џеков на момент ја враќа неизвесноста на 3:2, но домаќинот во 86. минута ги постави конечните 4:2.

Рушевиќ за нов триумф на Работнички

Од друга страна пак, тимот на Работнички на домашен терен со 1:0 триумфираше над Воска. Добар меч во кој клучниот момент се случи во 56. минута откако Рушевиќ искористи една лоша реаквија на гостинската одбрана на еден прекин.

Тиквеш поведе па Пелистер го „смрзна“ цело Кавадарци

Во Кавадарци пак одличен меч одиграа Тиквеш и Пелистер. Домаќинот по добро одиграните еден час поведе во 64. минута преку Миловановиќ. Сепак, наместо да го заврши дуелот во добар стил домаќинот несфатливо почна да прави грешки во одбраната. Пелистер најпрво, преку една нафрлена топка од лево на петерецот израмни на 1:1 преку Наумоски, а потоа искусниот Александар Ристевски со глава во 88. минута го сврте тотално резултатот.

Шкупи одработи одлични деведесет минути во Струмица каде што со 1:2, обезбеди три бода против Брера со головите на Авонрјо и Демир Имери. За домаќинот погоди Ѓоргиевски.

Конечно, Беса имаше имератив пред себе на победа но одигра само 0:0 против Гостивар.

Резултати:

Шкендија – Силекс 4:2

Работнички – Воска 1:0

Тиквеш – Пелистер 1:2

Беса – Гостивар 0:0

Брера – Шкупи 1:2

 

 

ПретходноПуштени во продажба билетите за мечот Лихтенштајн – Македонија
СледноРаботнички знае како до сигурни бодови (ФОТОГАЛЕРИЈА)