Шифрин со 100 победи во Светскиот куп

39

Михаела Шифрин и дефинитивно е најдобрата скијачка на сите времиња. Американката предмалку стигна до стотата победа во Светскиот куп откако триумфираше на слаломот во Сестриере.

Таа ги поместува границите на возможното во овој спорт, и тоа во конкуренција во која што воопшто не е лесно да се натпреваруваш.

Таа денеска суверено беше најдобра во слаломот во двете возења. Со време од 1:50:33 прва мина низ целта, а на второто место се пласираше извонредната Зринка Љутиќ од Хрватска со заостанување од 61 стотинка.

Трета заврши американката Паула Молцан со 64. стотински заостанување.

ПретходноИма зошто да бидат горди: Алкалоид со „шест од шест“ во Топ 8 во ЕХФ Европскиот Куп (ФОТО)
СледноШкендија го испочитува Хасани, и му честиташе на Ибраими за 150 гола