Јокиќ по поразот од Дончиќ: Можеби се лажевме себе си!

1205
Фото: Принтскрин/Денвер/Твитер

Никола Јокиќ и неговиот Денвер беа поразени од Лука Дончиќ и Лејкерси на домашен терен со 123:100. Српскиот центар и неговите соиграчи на овој дуел се уверија дека нешто мора да менуваат доколку сакаат да бидат во игра за шампионската титула.

По мечот, Јокиќ разговараше со новинарите во соблекувалната и најпрвин го пофали својот добар пријател Дончиќ, кој беше незапирлив (32, 10 скока, 7 асистенции).

„Тој е човекот што требаше да го запреме. Нема прозивки меѓу нас. Ние не го правиме тоа, секогаш имало пријателски однос меѓу нас“, започна Јокиќ и продллжи:

„Не знам дали ќе ги гледаме снимките од натпреварот, имаме тежок распоред, четири гостувања против големи тимови од Истокот. Не можеме да ја губиме толку многу топката, особено на гостински терен. Мораме да бидеме поиздржливи, да играме подобро“.

Јокиќ уште пред овој меч изјави дека некои работи ќе мора да се сменат во играта на Денвер, пред се во одбраната, која не беше на толку високо ниво во текот на сезоната. „

Да, кога губите со 30 разлика треба да бидете загрижени и да размислите за тоа, се надевам дека ќе промениме нешто на претстојните гостувања. Реков дека имавме девет натпревари по ред кои ги добивме против тимови кои не беа толку добри, кои имаа многу повредени играчи и кои не беа толку високо на пласманот. Можеби се лажевме себеси дека играме добро“, рече српскиот центар.

Денвер е трет во Западната конфренеција со скор од 37/20, додека пак ЛА Лејкерс се зад нив со скор од 34/21.

ПретходноПМФЛ: Дерби под Шара – Шкендија VS Силекс, Работнички ја дочекува Воска, Тиквеш оди на три бода со Пелистер
СледноКонсеисао им се извини на навивачите: Апсолутно се во право!