Агон Елези пруѓа добри игри во тимот на Горица. Офанзивецот денеска донесе победа на домашен терен против тимот на Шибеник. Единствениот гол на овој меч е дело на нашиот интернационалец, кој во Горица пристигна по минутажа и враќање на добрата форма, и го доби токму тоа.
Од четирите можни натпревари Елези на два пати беше стартер, а еве сега и го постигна својот првенец.
Последен пат Агон Елези беше дел од репрезентацијата на Македонија на пријателскиот меч против Чешка во 2024 година.