Легендарниот тренер Грег Попович оваа сезона најверојатно нема да се врати на клупата на Сан Антонио Спарс. Тој се опоравува од мозочниот удар што го доживеа во ноемвр, неговата иднина останува неизвесна, оттогаш е надвор од тимот на неодредено време, а информациите за неговата состојба се многу ограничени.
За Попович немаше долго време информации, најновата вест е дека легендарниот тренер работи на неговото опоравување.
San Antonio Spurs’ Hall of Fame coach Gregg Popovich is not expected to return this season, and his future is uncertain as he recovers from a mild stroke suffered in November, league sources tell ESPN. pic.twitter.com/EekHlDa8NI
— Shams Charania (@ShamsCharania) February 23, 2025
Ова е уште еден тежок удар за Спарс оваа недела, бидејќи тие веќе го загубија суперталентираниот центар Виктор Вембањама во остатокот од сезоната поради длабока венска тромбоза на десното рамо.
Со 76 години и во својата 29-та сезона како тренер на Спарс, Попович е најстариот и најдолг тренер во НБА.
Тој беше петкратен шампион во НБА, го држи рекордот за најмногу победи во историјата на лигата, три пати беше прогласен за тренер на годината и беше примен во „куќата на славните“ во 2023 година.
Сан Антонио моментално има скор од 24-30 и малку причини да се бори за место во плејофот.