Кевин де Брујне одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

795

Де Брујне со години е еден од главните играчи на Манчестер Сити, но јасно е дека годините го направија своето и дека Белгиецот не игра на нивото на кое порано.

Тој се „удави во сивилото“ на англискиот шампион, кој оваа сезона игра очајно, а сигурно е дека на лето ќе видиме ремонт на играчкиот кадар на „Етихад“.

Веќе на големо се шпекулира за играчи кои би можеле да го напуштат Манчестер Сити на крајот од оваа сезона, а на врвот на таа листа е Де Брујне.

Белгискиот играч за врска има договор со „граѓаните“ до крајот на сезоната и веќе е познато дека одредени клубови од американската МЛС и Саудиска Арабија би сакале да го видат во своите редови.

Иако многумина веруваат дека Де Брујне по десет години ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната, се чини дека може да дојде до неочекуван пресврт.
Пред неколку дена Гвардиола јасно му стави до знаење на Де Брујне дека веќе го нема статусот каков што беше порано и дека на најголемите натпревари веројатно помладиот играч ќе има предност, но тоа не влијаеше премногу на Белгиецот бидејќи и самиот е свесен дека тоа беше логична одлука.

Затоа Де Брујне сака да остане во Манчестер Сити и се надева на нов договор, а на Гвардиола и на клупските челници им стави до знаење дека е подготвен да биде резерва следната сезона и дека тоа воопшто не му пречи.

Се говори и дека тој изненадувачки реагирал на изјавата на Гвардиола и дека му е благодарен на Шпанецот што бил искрен со него, без разлика дали тоа значи дека ќе игра помалку.

ПретходноСалах: Се трудиме да победиме на секој натпревар
СледноКошаркарската федерација со сите почести ќе му се поклони на Дамјан Стојановски!