Рома убедлива против Монца!

43

Во меч од 26.коло од Серија А, вечерва на “Олимпико“ во Рим, домашната екипа на Рома со 4:0 успеа убедливо да ја победи Монца и да освои значајни три бода. Ова беше 11-та победа сезоната на “Волчицата“ која сега има 40 бодиви, сосема доволно за 9.место на табелата.

Во текот на целиот меч Рома беше таа која се прашуваше на оваа средба. Секако дека раното водство, голот на Салемакерс во 10.минута помогна многу за да се “отвори“ гостинот.

Следуваше голот за 2:0 на Шомуродов во 32.минута.

Во продолжение од мечот, поточно во второто полувреме, Ангелино и Кристанте погодија за конечни 4:0.

ПретходноЕрик тен Хаг: Одлучив до 1. јули да не работам ништо!
СледноМајорка со гол во 90+1.минута се спаси од пораз кај Севиља!