Салах: Се трудиме да победиме на секој натпревар

92

Ако некој во моментов може да се оквалификува како најсериозен кандидат за освојување на една титула, тоа секако дека е тимот на Ливерпул во Премиер лигата. Синоќа, момците на Арне Слот имаа сериозна задача пред себе да го совладаат Манчестер Сити во големото дерби и тоа го направија на најдобар можен начин. Како и речиси секој меч сезонава, најдобар на теренот Мохамед Салах кој по мечот скромно го прокоментира истиот.

„Ова е неверојатно. Многу е тешко да се игра овде. Имаат силен тим и одличен тренер. Драго ми е што победивме на крајот. Ова е посебно чувство. Особено кога сте во трката за титулата, тоа е неверојатно. Се надевам дека ќе останеме смирени. Се трудиме да победиме на секој натпревар“, изјави Салах.

„На некои луѓе можеби повеќе ќе им се допаднат моите први сезони, на други можеби оваа. Но, го претпочитам сегашниот затоа што освојувањето на првенството, помагањето на младите играчи – тоа е посебно чувство. Ни треба уште една титула. На мене и на другите лидери на тимот им треба уште една титула“, додаде Салах.

 

 

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 20.КОЛО: Тодоровски е “моторот“ на Вардар
СледноКевин де Брујне одлучи каде ќе ја продолжи кариерата