По само неколку одиграни мечеви за својот нов тим, се чини дека Лука Дончиќ набргу повторно би можел да биде трејдуван. Факт е дека од него сите во ЛА Лејкерси очекуваат големи работи, но дали е баш така.
Имено се говори дека Словенецот би можел да ги напушти Лејкерси.
Од каде па сега ова?
Имено Лејкерси го преземаа од Далас договорот што Мавси го имаа со Лука до 2027 година, но со напомена дека играчот може предвреме да го раскине една година претходно.
Па така Лејкерси според правилата ќе мора да му понудат нов договор на Дончиќ и тоа најдоцна до 2 август оваа година. Да му понудат услови како тој би ги прифатил или одбил за периодот после 2027 година.
Сепак ако Лука одбие, тоа значи дека по завршувањето на сезоната 2026/27 тој би бил слободен агент.
Тоа сигурно Лејкерси нема да си го дозволат, па од таму доаѓа веста дека повторно би можел да биде трејдуван.